Хејли Болдвин ја шокираше јавноста со заканите упатени до Селена Гомез

од desk4

Пејачката Селена Гомез реши дека е време да му се одмазди на неверниот Џастин Бибер кој по шест години турбулентна врска само за кратко време откако раскина со нејзе се ожени со Хејли Болдвин. Таа во текот на 24 часа објави две песни, а нејзините обожаватели сфатија дека се посветени на пораншеното момче Џастин Бибер.

Прво ја објави емотивната балада „Lose You to Love Mе“ а потоа и песната „Look At Her Now“.
Во првата песна Селена во еден стих пее: „Ми го вети светот и ме освои. Те ставив на прво место и го обожаваше тоа“, а стихот кој открива дека се мисли на поранешното момче е: „За два месеца нè замени. Како да беше лесно“. Имено Џастин по два месеца од раскинувањето со Селена ја почна врската со Хејли и во септември 2018. се венчаше со неа. Причината за раскинувањето наводно беа неверствата од Бибер.
Хејли не остана мирна на ова и на Инстаграм со слика од екранот објави дека ја слуша песната „I’ll Kill You“ („Ќе те убијам“) од пејачката Самер Волкер, а на сите им стана јасно што тоа значи. Коментари со поддршка до младата брачна двојка почнаа да доѓаат од сите страни. Но не изостана ниту поддршката за Селена, од нејзините обожаватели.

Слични содржини