Хејли Болдвин многу тажна по спонтаниот абортус на Иларија

од Elena Daskalova

Хејли Болдвин Бибер, која е внука на Алек и Иларија Болдвин, жали за нивната загуба и поради тоа што во седум месеци двапати губи братучед или братучетка.

Таа го изрази своето сочувство под објавата на Иларија за изгубеното бебе.

„Жалам. Многу ве сакам“, напиша Хејли, искажувајќи ја својата поддршка кон нејзиното семејство.

Иларија отворено зборуваше за трагедијата и за киретажата на која треба да оди, откако е констатирано дека нејзиното бебе нема срцеви отчукувања. Парот неодамна откри дека овојпат очекуваат девојче.

Претходно, во април, Иларија исто така имаше спонтан абортус, но не дозволи тоа да ја обесхрабри во намерата да има уште едно бебе.

Слични содржини