Хелена Бонам Каретер како принцеза Маргарет

од desk4

Од хит серијата „The Crown“ ја кренаа малку завесата за да ни покажат едно од новите дополнувања на нивната група. Станува збор за Хелена Бонам Картер, која влегува во улогата на принцезата Маргарет во третата и четвртата сезона на шоуто.

Може да ја видите во улога на ексцентричната сестра на Елизабета II на фотографијата која беше објавена на официјалниот профил на ТВ серијата во Twitter.

Продуцентите не навлегоа повеќе во детали за новиот ѕвезден додаток и само загадочно додадоа кон кадарот „Hope“. Можеби надежта се однесува на сложените односи и настапи со полн со катаклизми брак на Маргарет со Ентони Армстронг-Џонс.

Животот на принцезата Маргарет дефинитивно заслужува и серијали и филмови и романи.

Животот на Маргарет Роуз личи на тажна приказна за убава роза, чии ливчиња паѓаат едно по друго во текот на годините, додека конечно не останува само стеблото со боцки. По умирањето, еден лондонски весник излегува со наслов „Смртта на несреќната принцеза“. Официјалниот биограф на Маргарет, Кристофер Ворвик, сепак, смета дека да ја наречеш принцезата несреќна е глупост.

„Маргарет“, пишува тој, „целиот свој живот го живееше онака како што сакаше и за нејзино задоволство“.

Слични содржини