Хелена се соблече и покажа тело на зрела жена (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Познатата 52-годишна манекенка Хелена Кристенсен објави серија фотографии од снимање, на кои е во црна долна облека, во танга од чипка и проѕирен тул.

Таа навистина покажа завидна линија, но провокативните фотографии на славната убавица, предизвикаа ентузијазам и критики од оние што ја следат на Инстаграм.

„Убава жена, без пластични операции“, „Твојата убавина е чиста уметност“, „Неверојатно“, „Ако сите старееа вака“, „Колку си убава жена“, „Изгледаш неверојатно“, „Жив оган“ , „Вистинска, природна убавина“, се само некои од илјадниците и илјадниците комплименти што ги добила.

Од друга страна, имаше многу критики – публиката ја прекори дека претерала со разголени фотографии и дека не и треба во позадина на нејзината брилијантна кариера.

„Зошто почна да се соблекуваш на стари години?”, „Супермодел? Побргу ќе биде суперстриптизета“, „Изгледаш совршено, но зошто постојаниот акцент на голотијата?“, се само некои од негативните коментари.

Слични содржини