Хеликоптер се урна на автопат во Западна Вирџинија, загинаа шест лица

од Stefanija Kuzmanovska

Хеликоптер што се користел за туристички летови се урнал на автопат во американската сојузна држава Западна Вирџинија, при што загинале шест лица, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на локални медиуми.

Хеликоптерот, кој полета од аеродромот во округот Логан, се урнал на Државниот пат 17 во средата и бил во пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот, јави WSAZ-TV, цитирајќи ја окружната агенција за вонредни состојби.

Државниот пат 17 се очекува да остане затворен во следните 24 часа поради истрагата спроведена на местото на несреќата од страна на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и Федералната управа за авијација, изјави претставник на округот Логан.

Слични содржини