Хеликоптери доставуваат храна во отсечените градовите во Канада (ВИДЕО)

од Milan1

Хеликоптери доставуваат храна до луѓе во градовите отсечени поради големите поплави и лизгање на земјиштето во канадската провинција Британска Колумбија додека некои региони се подготвуваат за повеќе врнежи во следните неколку дена.

Одрони уништија патишта и мостови и го прекинаа пристапот до најголемото пристаниште во земјата во Ванкувер, нарушувајќи ги глобалните синџири на снабдување кои веќе се борат со проблемите предизвикани од Ковид-19. Канадската провинција Британска Колумбија денеска најверојатно ќе воведе вонредна состојба за да помогне во санирањето на штетите предизвикани од големите поплави. Одроните предизвикани од поројните дождови уништија неколку главни патишта и загина едно лице. За два дена во Британска Колумбија наврна дожд колку и обично во тек на цел месец.

Слични содржини