Хеликоптери учествуваат во гаснење: Најголемиот пожар е на Криволак

од Берта Китинска

Утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари.

-Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер.Воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.Вториот пожар е нов пожар кој го забележавме за време на хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума и постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола.Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко, информираДиректорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој посочва дека пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места, но нема видлив активен оган.

– Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Ангелво.

Слични содржини