Хемичарот кој работеше на „новичок“ му се извини на Навални

од Vladimir Zorba

Хемичарот, кој тврди дека бил вклучен во тајната советска програма во која е развиен „новичок“, му се извини на Алексеј Навални, кој, според германските лекари, бил отруен од нервниот агенс.

„Длабоко му се извинувам на Навални за учеството во ова злосторничко дело што резултираше со развој на токсичната хемикалија што го отру“, рече Вил Мирзајанов во интервју во саботата.

Научникот, кој сега живее во Соединетите држави, прв го откри постоењето на „новичок“ во написите објавени во раните 90-ти.

Откако минатиот месец му се слоши на лет од Русија, жестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин беше примен во болница во Германија, каде лекарите утврдија дека е отруен од нервниот агенс. Москва ја отфрла таквата можност.

Тројцата поранешни советски научници, кои денес имаат повеќе од 70 години, досега јавно потврдија дека учествувале во развојот на „новичок“.

„Навални ќе мора да биде многу трпелив, но на крајот ќе се опорави“, рече Вил Мирзајанов, предвидувајќи го неговото целосно закрепнување за „околу една година“.

Тој верува дека Навални веројатно, додека друг научник кој исто така учествувал во создавањето на „новичок“, Владимир Углев, претходно изјави дека фактот дека Навални преживеал укажува на тоа дека тој стапил во контакт со отровот преку кожата.

Слични содржини