Хендикеп за Реал: Милитао ја заврши сезоната

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Едер Милитао, дефанзивецот на Реал Мадрид, поради повреда ја заврши овогодинешната сезона.

На натпреварот против Осасуна, Бразилецот падна во 26. минута по еден дуел во шеснаесетникот. Тој беше изнесен од теренот и веднаш пренесен во болница.

Првите анализи покажуваат дека му се скинати предните вкрстени лигаменти и дека е зафатен менискусот. Реал најави дека ќе оди на операција и дека го очекува долго и напорно закрепнување.

Тоа не е единствената лоша вест за актуелниот европски шампион. Лукас Васкез и Родриго го напуштија теренот порано и се очекува за три недели да му бидат на располагање на тренерот Анчелоти.

Слични содржини