Херојот на Русија од Мундијалот оди во Валенсија

од Vladimir Zorba

Шпанска Валенсија продолжува со селекцијата денови пред стартот на сезоната во Ла Лига и е на пат да привлече уште еден нов играч.

Тоа е херојот на Русија од светското првенство, Денис Черишев, за кого „лилјаците“ објавија во сајт дека се договориле со Виљареал да пристигне на заем на „Местаља“.

Ова ќе биде втор период на изнајмување за фудбалерот во Валенсија, откако играше неколку месеци во тимот меѓу јануари и јуни 2016-та.

Черишев не е приоритет за тренерот на „жолтата подморница“ Хавиер Каљеха, па ова е добро решение и за него, иако минатата сезона запиша 32 учества за тимот и да постигна 4 гола.

27-годишниот Русин, кој тргна од школата на Реал Мадрид, но забележа само 7 учества за „белите“, стана Џокер на Русија на Светското првенство, откако реализира 4 гола и помогна на „Зборнаја“ да стигне до 1/4-финалето.

Слични содржини