Хезболах ја повика француската влада да го казни списанието „Шарли Ебдо“ поради карикатури

од Stefanija Kuzmanovska

Либанската милитантна организација Хезболах денеска ги осуди карикатурите кои неодамна ги објави француското сатирично списание „Шарли Ебдо“, во кои се исмејува владејачкото свештенство во Иран и ја повика Франција да го казни објавувањето.

Хезболах, кој е сојузник на Иран, рече дека навредливите карикатури се „грд потег“ на весникот насочен кон иранскиот ајатолах Али Хамнеи, почитуван како духовен водач на десетици милиони побожни шиити ширум светот, вклучително и во Либан, објави „Ројтерс“.

Членовите на Хезболах, шиитска организација, исто така го сметаат Хамнеи за свој верски водач.

Слични содржини