Хезболах во Германија е прогласена за терористичка организација, забранета е нивна активност

од Aleksandar Petrovski

Властите во Германија го прогласија Хезболах за терористичка организација и забранија нивна активност на германско тло. Во моментов полицијата спроведува рации врз четири здруженија поврзани со исламистичката група.

„Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска ги забрани активностите на Хезболах во државата“, објави портпаролот на тоа министерство на Твитер.

Тој, исто така, потврди дека „полициски мерки се во тек во неколку сојузни држави истовремено“ и додаде дека дури и во време на криза, „владеењето на правото е во состојба да дејствува“.

Полициските рации се фокусирани на четири здруженија на џамии во Берлин, Дортмунд, Бремен и Минстер кои се обвинети за припадност кон Хезболах.

Германија, исто така, ја класифицираше Хезболах како терористичка организација.

Властите проценуваат дека околу 1.050 луѓе во Германија се активни членови на либанската милитантна група.

Слични содржини