Хигиенско-епидемиолошка служба во Здравствениот дом во Валандово

од Stefanija Kuzmanovska

Во Здравствениот дом во Валандово од минатата недела почна со работа хигиенско-епидемиолошка служба, каде граѓаните ќе можат да ги добијат следниве здравствени услуги: брис од грло и нос, уринокултура, копрокултура, паразити, брис од око, брис од уво, бруцелоза тест, хепатит Б и Ц тест, ХИВ тест, ХПВ тест, вагинална флора, брис од јазик, спутум, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во 2019 година, како што се истакнува, пуштена е во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1,5 милиони денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција – Република С. Македонија.

Преку истата програма за прекугранична соработка планирани се набавки на: возило за посета во рурални подрачја за патронажната служба, нов Биохемиски анализатор и хематолошки бројач за лабораториско дијагностичката дејност, нов ултразвучен уред – ЕХО апарат, уред за мешање струи со вакумска електрода за физикална медицина, уред за електрична стимулација за физикална медицина, Sonoterapy ласерска машина за физикална медицина и како и друга медицинска опрема.

Реализирани се вкупно 11 вработувања и одобрени се три специјализации (интерна медицина, медицинска биохемија и физикална медицина) за 2019 година, наведуваат од Министерството.

Слични содржини