Неодамна 27-годишната ѕвезда се врати на малиот екран со шоуто “Younger”, а освен тоа таа снима музика за претстојниот албум, кој ќе и ‘е прв по  осум години.

Откако се раздели со таткото на својот син, Даф заживеа како самохрана мајка и признава дека не и ‘е лесно. Иако со  хаосот околу себе, таа успева да изгледа опуштено, кул, свежа и секси по еден природен начин.

Еве и неколку акцент од интервјуто со Хилари во кое таа објаснува како постигнува сето тоа:

За тоа дека е под притисок да изгледаат совршено : “Има толку многу притисок врз нас актерките да личиме  на супермодели. Се обидувам да му  пркосам, но и јас имам денови, во кои се чувствувам одлично во своето  тело и други, во кои се чувствувам заоблено. ”

За тоа како успеала да ослаби: “Сакам да пијам вино, но сфатив дека ќе треба да се откажам од алкохолот, ако сакам да симнам  килограми.”

За својата фитнес рутина : “Одам на фитнес три пати неделно, и секој пат тренирам по различна програма – со топки, со јажиња, со жартиери. ”

За своите искушенија: “Според мене клучот за среќен живот е сирењето. Има една продавница за сирење во Беверли Хилс, кој е магнет за мене, а и за Лука. ”