Хилари Клинтон: Доналд Трамп силно ги поттикнува расистите

од Vladimir Zorba

Поранешната прва дама и државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп им “дава силно охрабрување” на расистичките групи и се уште не ги осудил идеите на “белите расисти” пишува The Hill.

“Верувам дека Трамп им дава големо охрабрување на нео-нацистите и белите надмоќници”, изјави кандидат за претседател на САД.
“Не можам да ви кажам што му е во главата – едноставно не знам. Тоа може да биде само циничен опортунизам – тој има цврста изборна база која верува во него и тој ќе ја задржи позицијата за да ги храни “, додаде таа.

Трамп предизвика критики поради неговиот двосмислетен одговор на насилството што избувна во август месец  во градот Шарлотсвил, во Вирџинија, кое беше за време на протестите на белите националисти. Подоцна тој ги обвини „двете страни “, изедначувајќи ги неонацистите со учесниците на контрапротестите.

Слични содржини