Хиршер победи на Алта Бади, шеста година по ред

од desk2

Австрискиот скијач Марсел Хиршер победи на велеслаломот во Алта Бади и така се врати на водечкото место во генералниот пласман на Светскиот куп.

Хиршер во Алта Бади победува шеста година по ред.

Зад себе ги остави француските скијачи Том Фанар и Алексис Пинторул.

Иако имаше голема предност по првата трка, Хиршер доминираше и во другата, со подобро време на секоја капија. Една грешка направи на самиот крај.

„Звучи чудно, но не се чувствував толку моќен на патеката“, изјави тој по трката.

Така го зголеми и рекордот откако лани на истото место стана прв скијач што остварил пет врзани победи.

Единствен со шест победи на едно скијалиште покрај Хиршер е Тед Лигети, но тој тоа го направи во текот на седум години во Крањска Гора.

Слични содржини