Хисени: Договорот меѓу Белград и Приштина ќе биде постигнат за 12 месеци

од Vladimir Zorba

Координаторот на Приштина за дијалогот со Белград, Скендер Хисени, процени дека договорот ќе биде постигнат за 12 месеци. Тој изјави дека во тој период ќе има или меѓусебно признавање или процесот целосно ќе пропадне.

„Не станува збор за години, туку месеци. Очекуваме договор со заемно признавање во рок од 12 месеци или целиот овој процес ќе пропадне. Сè на меѓународно ниво зборува за моментот што Косово и Србија мора да го искористат за да напредуваат. Не знам дали Србија го сфати тоа, но ако има намера да се интегрира во ЕУ, треба“, рече Хисени како гостин на ТВ Клан Косово.

Тој додаде дека ќе инсистира на интензивни разговори во координација со ЕУ, САД и Париз.

Посочи дека ако не се постигне внатрешно политичко единство за дијалог, Косово би можело да изгуби уште десет години.

Хисени оцени дека ова сценарио „се заканува дека ќе го однесе Косово во земји кои имаат недовршен статус, како што е случајот со Палестина“, пренесува Косово Онлајн.

Тој негираше дека има гласови во владејачката коалиција што се спротивставиле на неговото назначување за координатор за дијалог.

Слични содржини