ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Федерер и Де Ниро снимија генијално ВИДЕО

од Vladimir Zorba

Тениската ѕвезда, Роџер Федерер и холивудската филмска sвезда Роберт Де Ниро учествуваа во видео за промовирање на туризмот во Швајцарија.

Федерер е новиот амбасадор на швајцарскиот туризам и тој учествуваше во видеото каде го кани славниот холивудски актер да ги помине празниците во Швајцарија.

Во кратко видео, де Ниро ја одбива поканата на Роџер Федерер да учествува во спот за неговата земја.

„Роџер, твојата земја е премногу совршена“, објаснува американскиот актер.

Де Ниро не се сомнева во тоа што земјата нуди недопрена природа и апсолутно прекрасни предели, но во Швајцарија и недостасува „драма“ – клучен елемент на неговата глума.

– Можеби да го повикаш (Том) Хенкс? – сугерира Де Ниро на крајот од видеото.

– КОЈ? прашува Федерер.

Слични содржини