Хит на социјалните мрежи: Човек со митралез влегол на забава во БиХ и пукал (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во местото Кадино Врело во БиХ дошло до пукање на една корона-забава.

Според порталот Кликс.ба, еден од присутните на забавата бил славеник, а се славел неговиот 18-ти роденден.

На видеото кое веќе е хит на социјалните мрежи, можете да видите забава, музика во живо се додека во еден момент во просторијата не влегува млад човек во црна облека и вика – „исклучете ја музиката“. Во рацете има и митралез, а веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука. Тука завршува снимањето.

Случајот бил пријавен во полиција, а Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдило дека мажот е уапсен. За среќа нема повредени.

Слични содржини