Хит од протестите од Минск: Работев во градинка, ништо повеќе не ме плаши (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Необично видео од вчерашните протести во главниот град на Белорусија кружи на социјалните мрежи.

Имено, на прашањето на новинарите „Дали се плашите дека сте тука“, една жена од Белорусија даде смешен, но многу храбар одговор.

Откако таа одговори негативно, следува ново прашање.

„Но, тие фрлаат и гранати (полициски шок-бомби) … Зарем не се плашите од тоа?“, праша новинарот.

Ова беше проследено со одговор кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

„Не. Работев во градинка. Ништо повеќе не ме плаши“, беше одговорот на оваа храбра жена.

Слични содржини