Хит снимка кај соседите: Пајак го однесе портокаловото „ламборџини“ на тиктокерот Паниќ

од Vladimir Zorba

Министерството за внатрешни работи на Србија на својот профил на Инстаграм објави фотографии од „пајак“ кој носи портокалово „ламборџини“ откако на социјалните мрежи се појавија видеа од арогантното возење од идентичен автомобил.

На видеата кои ја вознемирија јавноста, тиктокерот Урош Паниќ арогантно возел низ белградските улици и се фалел дека полицијата не може да го фати.

Во соопштението на МУП не се соопштува причината за отстранувањето на возилото.

Имено, видеата кои Паниќ ги објави, а кои кружат на социјалните мрежи, покажуваат арогантно возење низ белградските улици, при што Паниќ повикува полиција да го запре „ако може“.

„Нека дојдат со нивните партнери да ме бркаат, еве ги Цар Душан, Дорчол. Да им покажам што е белградска фантомка“, вели Паниќ во видеото, со навреди упатени кон припадниците на МУП.

Неколку пати додека траеше видеото, тој видно забрзуваше во најтесниот центар на градот и се фалеше дека полицијата не може да го стигне.

„Не дека возам брза кола. Бегав од нив и со голф тројка“, вели Паниќ на видеото додека сопатникот му кажува дека ќе се удри некаде.

Инаку, по објавувањето на овие видеа, Дамир Окановиќ, директор на Комитетот за безбедност во сообраќајот, ги повика властите да реагираат на арогантното возење на тиктокерот.

Уредниот систем не трпи вакви испади од поединци. Ги повикувам МВР и судството да реагираат и да покажат дека никој не е над законот“, напиша Окановиќ и апелираше до надлежните да реагираат.

Слични содржини