Хит видео од онлајн настава: Морав да прекинам, жена ми ползеше

од Nikola Popovski

Иван Боричиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград, станал вистинска sвезда на социјалните мрежи, кога еден од неговите студенти објавил видео направено за време на онлајн-наставата.

Имено, неговата сопруга морала да помине низ дневната соба, а поради начинот на кој го сторила тоа, професорот Боришиќ мораше да го прекине предавањето неколку секунди.

„Што се однесува до хемохроматозите … морав да застанам, жена ми ползеше за да излезе собата. Она што го гледате со црвена боја е жената. Моја …“, изјавил тој, додека неговата сопруга ползела на подот, за да остане незабележана, што, за жал, не ѝ успеало.

Во јули минатата година истиот професор закажа испит по патологија, на отворено под орев, што предизвикало воодушевување кај студентите.

„Испитите се одржуваат под сенка под орев на Институтот за патологија. Чекај ме пред Институтот, испитите се јавни“, напишал проф. д-р Боричиќ.

Овој пост, исто како и последниот, ги преплави социјалните мрежи и предизвика голема смеа и позитивни коментари.

Слични содржини