Хит во Словенија: Градоначалникот ќе ги чести сите што ќе се вакцинираат

од Vladimir Zorba

Алојз Каучиќ сака неговата мала општина да се оддалечи од неславното последно место (212) според бројот на вакцинирани против Ковид- 19.

Словенечкиот локален водач и поранешен угостител нуди пијалоци на секој што е вакциниран со цел неговата општина да биде подобро пласирана на споменатата листа.

„Со задоволство ќе платам пијалок на секој наш жител кој ќе одлучи да се вакцинира, или во гостилница управувана од мојот син или на друго место“, рече Алојз Каучиќ во разговор со медиумите, пренесе „Јутарњи лист“.

Малата општина Јурчинци кај Птуј има 2.400 жители, а Каучиќ ја водеше од нејзиното основање веќе седми мандат, додека тој го напушти угостителскиот бизнис што го пренесе на својот син.

„Не е лесно да се убедат нашите луѓе да се вакцинираат, ние се обидуваме да го правиме тоа цело време, но тие одбиваат. За жал, само 20,5 проценти од популацијата досега е целосно вакцинирана, така што сè уште сме на последното место во земјата“, рече градоначалникот. Просечната стапка на вакцинација на државно ниво е скоро двојно поголема.

„Го реновиравме основното училиште, имаме нова спортска сала, правиме патишта и имаме добра стапка на наталитет со десетина новороденчиња годишно, но сме неуспешни во вакцинациите“, му се пожалил началникот на новинарот на словенечко „Дело“.

Слични содржини