Хлеб објасни зошто фудбалот не прекинува во Белорусија

од Vladimir Zorba

На општо изненадување, но и многу одобрувања, посебно за фудбалските фанатици, топката се тркала во Белорусија. Единствената земја во Европа која сè уште се спротивставува на пандемијата на овој начин.

Се разбира, мислењата се поделени, но се чини дека нема голем проблем со заразата (според официјалните бројки, во моментот има 351 заразени, 46 опоравени и четворица мртви), инаку би се слушнало брзо со оглед дека конкретната земја ја гледаат првенствено западните медиуми.

И покрај сè, третото коло утре завршува во Белорусија, без поголеми проблеми, се заоструваат санитарните услови, а луѓето од страв не доаѓаат на натпревари во голем број. Фудбал се игра, а светот се чуди. И се чини дека уште ќе се чудат, и тоа од очигледна причина која што ја истакна нивното најголемо фудбалско име, Александар Хлеб.

„На прашањето дали наскоро првенството ќе биде прекинато, првиот човек на нашата Федерација го знае одговорот. Но, слушајте нешто, никогаш порано немавме толку многу барања од странство да го пренесуваат нашиот шампионат! Луѓето дури не гледаат во Турција, уште тоа да го направат Шпанците и Англичаните а-ха-ха“, се пошегуваа поранешниот ас на Арсенал и Барселона.

Јасно е дека сега во игра се и големи пари, бидејќи очите на светот се свртени кон овој шампионат. И има сè повеќе од нив, со оглед на замавот што го зеде пандемијата.

„Во многу земји, причина за прекин на првенството се заразените фудбалери или тренери, а во нашата република сите фудбалери се, колку што знам јас здрави“, вели белоруската легенда во интервју за „Москва Спорт-експрес“. „Сите ние читаме, слушаме светски вести и ја разбираме ситуацијата. Одлуката за играње на првенството во моментот е на сила, а што ќе се случи следно ќе зависи од епидемиолошката слика на целата земја“.

И овие многу големи сценски светла кои одеднаш паднаа на слабите раменици на белорускиот шампионат, го открија недоволниот квалитет на фудбалот во целиот свет. Почесниот претседател на ФСУ, Вјачеслав Колосков, неодамна го спореди локалниот шампионат со порнографија, велејќи дека е невозможно да се гледа.

„Тешки зборови кажуваат луѓе, но овие момци даваат се од себе. БАТЕ исто така направи врева во Европа, победувајќи големи клубови. Затоа, не би ја плукнал нашата лига токолу многу. Покрај тоа, сезоната штотуку започна, екипите играат, тие не треба веднаш да бидат приковани на крстот“, заклучи Хлеб.

Слични содржини