Ходаи: Ќе побараме поддршка од премиерот, ако не ја добиеме ќе кампуваме пред МОН

од Берта Китинска

Ние сме сигурни дека ја уживаме поддршката на повеќе од 70 пратеници, за да не губиме од наставата и да се подготвиме за матура за полагање на два предмета го прекинавме бојкотот.Денеска во 16 часот ќе имаме средба со премиерот Зоран Заев каде ќе ги дискутираме  можностите за нашите барања да бидат прифатени, изјави лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи во Студио 10.

 –Нашиот став е јасен нема да дозволиме нашите барања да бидат партизирани од политиката и за тоа се залагаме и ќе се бориме за правата на средношколците  да не бидеме манипулирани од партиите, вели Ходаи.

Тој вели дека побарале средба со премиерот со надеж дека ќе можат да најдат решение за полагање на матурата.

-Побаравме средба со премиерот бидејќи темата за матура е многу важна. Сметаме дека премиерот треба да ни помогне за да најдеме побрзо решение ние ќе побараме поддршка за да не дојде да кампуваме пред МОН, вели Ходаи.

Слични содржини