Хоџа: Ќе испровоцираме нови избори

од Берта Китинска

„Оваа Влада нема лигитимитет. Ова мнозинство не е стабилно. Нема да издржат. Гледате, ДУИ прави кампања против СДСМ. Ние како движење Беса, овој период сме фокусирани на внатрешни партиски избори. Имаме конгрес. Исто е и со Алијанса за Албанците“, изјави генералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа во „Click Plus“.

Тој вели дека оваа Влада нема да издржи и дека ќе има нови предвремени парламентарни избори.

„Веднаш по периодот на конгресот, ние ќе испровоцираме нови избори. Нема да кажам како, но тоа ќе се случи. Дали преку протести, дали преку други механизми, ќе видиме“, додаде Хоџа.

Слични содржини