Хоџа: МНР купува гориво од руска компанија

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа објави фотографија со која информира дека Министерството за надворешни работи има потпишано договор со руската компанија „Лукоил“  за набавка на гориво за службените возила.

-МНР предводено од Бујар Османи има договор за снабдување со гориво токму со руската компанија „Лукоил“, па го прашувам министерот, дали со изјавата дека купувањето руска нафта помага во агресијата врз Украина, значи дека Министерството за надворешни работи ѝ помага на Русија!? Има и доста државни институции и оние предводени од кадарите на ДУИ кои имаат договори со руската компанија, па пред да ги советува граѓаните, Османи треба да се информира и поправи, објави Хоџа.

Османи синоќа изјави дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска.

-Граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност, рече Османи во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини