Хоџа: Нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат

од Nikola Popovski

За новото законско решение кое предвидува продажба до 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште по ниски цени, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа потенцира дека за купување на земјоделско земјиште со новиот Законот за продажба на земјоделско земјиште инвеститорот ќе треба да достави и бизнис план.

„Тоа ќе треба да го направи за да докаже како ќе го користи земјиштето и доколку не се придржува до истиот, државата има право да го раскине договорот“, вели Хоџа за емисијата „Топ тема“.

Тој додаде дека Законот за продажба на земјоделското земјиште се носи со цел развој на земјоделието.

„Постојат млади кои се спремни да развијат идеја или бизнис план што ќе може да го кретириаат откако ќе го купат земјиштето. Тоа го видовме од примерот со оранжериите што беа продадени. На некои оранжерии им е дуплирано производството и приходите бидејќи им се овозможи да дојдат до нови средства за инвестиции“, кажа Хоџа.

Министерот исто така истакна дека нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат.

Со новиот нацрт закон ќе се продава државно земјоделско земјиште за цена од 0,20 евра до 1 евро по метар квадратен или од 12 до 61 денар. Ќе може да се продадат до 50 илјади хектари слободно земјоделско земјиште. Освен утврдената цена, она што е различно од законското решение донесено во 2013 година е што после 10 години земјоделското земјиште освен за градежни активности ќе може да се даде и под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Слични содржини