Хоџа: Нови откупни цени – 10 денари за „Смедеревка“ и 12 денари за „Вранец“

од Nikola Popovski

Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате, објави вечерва министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа.

Поради тоа, тој додава, дека заедно со премиерот Зоран Заев работеле интензивно за изнаоѓање на решение и во разговор со винарските визби успеале да најдат решение.

-Новите цени ќе бидат 10 денари/кг за Смедеревка и 12 денари/кг за Вранец. Сите тие што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени. Како и што ветивме дополнителните 2 денари за предадено грозје ќе важат и за ова реколта, со тоа што разгледуваме можност за дополнителна подршка која заедно со здруженијата на лозарите ќе треба да ги дискутираме на следниот состанок што ќе се одржи во петок во МЗШВ, посочува Хоџа и упати голема благодарност до премиерот Заев за неговата подршка во сите овие тензични денови беше вклучен во целата дебата за изнаоѓање на најдобро можно решение на проблемите на лозарите.

-Остануваме посветени како Влада да бидеме меѓу земјоделците и за сите проблеми да наоѓаме најдобри можни решенија, стои во објавата на министерот.

Слични содржини