Хоџа: С. Македонија е меѓу четирите земји во светот што добива грант од 9,9 милиони евра од Фондот за адаптација за климатски промени

од Nikola Popovski

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа консултативен состанок на највисоко ниво помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање и претставниците на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) во насока на остварување на целите и приоритетите на политиките на Република Северна Македонија во областите на животната средина и климатските промени, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животната средина и животот на граѓаните, објави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа.

Според него, во овој контекст, биле дискутирани можностите за соработка и пристап до климатски финансии преку глобалниот Фонд за адаптација (Adaptation Fund) во насока на зголемување на климатска отпорност на земјоделството во југо-источниот регион на Република Северна Македонија, поточно во регионот на Радовиш, како еден од најранливите земјоделски региони кон климатските промени, преку подобрено управување со природните ресурси (води и земјиште) и адаптација на земјоделските стопанства кон климатските промени.

-Вреди да се спомене дека Република Северна Македонија е меѓу четирите земји во светот што добива грант од 9,9 милиони евра од Фондот за адаптација за климатски промени, потенцира Хоџа, при што додаде дека денес ги потпишале договорите со сите 8 Центри за развој на планските региони, со кои се доделува финансиска поддршка, наменета за реконструкција на вкупно 29 локални патишта, во 20 општини.

Слични содржини