Хоџа со реакција по одлуката на Реџепи: Секој поединечно ќе одговара за своите постапки

од Берта Китинска

Врвот на опасноста од демократијата се достигнува кога преку недемократски форми дури и слободното изразување на волјата е невозможно за пратениците, пишува на својот Фејсбук, пратеникот Арјанит Хоџа од Беса.

– Закани, уцени или други форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме УГНЕТУВАЊЕТО! Секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето БЕСА продолжува со политичкото патување. Соработката со опозициската АА-ААА ќе продолжи до последното соборување на овој режим, пишува Хоџа.

Слични содржини