Хоџа за денеска најави дека ќе поднесе оставка од министерската функција

од Берта Китинска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа во вчерашното интервју на ТВ21 потврди дека во текот на денешниот ден во Владата ќе поднесе оставка од функцијата министер.

За деталите, како што вели, ќе зборува на прес-конференцијата која се очекува да биде закажана во текот на денешниот ден.

Генералниот секретар на БЕСА пред неколку дена изјави дека неговата партија нема да дозволи да седне на маса со оние кои ја нарушуваат волјата на граѓаните.

Хоџа беше еден од најгласните министри од Владата на Заев во иницијативата за уривање на власта, која не успеа откако неговиот сопартиец Кастриот Реџепи, одлучи да не се појави на денешната собраниска седница.

Слични содржини