Хоџа за мерката за излез од државата: Не треба да не препознаваат како земја извозник на вирусот

од Берта Китинска

Од денеска стапува на сила новата мерка на Владата со која за влез или излез од Македонија треба да бидеме целосно вакцинирани, негативен ПЦР тест или пак да го имаме прележано коронавирусот.

„Оваа мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да има предвид предвид дека постапката за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји, која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и оваа мерка во голем процент веќе и се спроведува“, рече денеска портпаролот Мухамед Хоџа.

Тој додаде дека сите мерки кои ги носи владата се по препорака на Комисијата за за заразни болести.

Слични содржини