Хоџиќ: Кај Мицкоски нема дилема, системот на вредности на Орбан е алетрнативата кој тој ја посакува

од Берта Китинска

Вчера Мицкоски пак беше кај Орбан. Кој знае по кој пат. Една слика, едно штуро соопштение. Сликата многу повеќе зборува од соопштението, коментира на својот Фејсбук профил, Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

-Кај Мицкоски нема дилема, системот на вредности на Орбан е алетрнативата кој тој ја посакува за македонското општество. Тоа воопшто не е далеку од тоа што Левица го посакува со вредностите на Путин за нашето општество. Впрочем, Путин и Орбан имаат иста визија за Западен Балкан, а со тоа и за Северна Македонија. Авторитарни режими, наместо развивање на потенцијалот на демократијата, пишува тој.

Слични содржини