Хоџсон опција за менаџер на Ватфорд

од Vladimir Zorba

Легендарниот селектор на Англија, Рој Хоџсон е поврзуван со позицијата тренер на Вотфорд по отказот на Клаудио Раниери во понеделникот вечерта. 74-годишниот стручњак последен пат го предводеше Кристал Палас и се очекуваше да не му се врати на фудбалот, но очигледно ситуацијата тоа го налага.

Раниери беше ослободен по само три месеци на чело на Ватфорд поради незадоволителните резултати кои ги забележа тимот. Хорнетс се само 19-ти во поредокот и се во опасност од испаѓање. Во петокот, Ватфорд забележа разочарувачки пораз на домашен терен од Норич со 0:3.

Под водство на Раниери, Вотфорд забележа седум порази во последните осум натпревари. Тимот последен пат победи во ноември кога на домашен терен го шокираше Манчестер Јунајтед со 4-1.

Слични содржини