Хоџа за Тачи: Неговото заминување е неважно, Европскиот фронт не се распадна

од Nikola Popovski
40 прегледи

Претседателот на Европската демократска партија, Аријанит Хоџа, дел од Европскиот фронт, синоќа говорел за заминувањето на Мендух Тачи од опозициската коалиција. Хоџа истакнал дека самиот Тачи се изјаснил, но Европскиот фронт не се распаднал.

-Секој од нас има право да одлучи како ќе се утврди, но тоа не значи дека се распушта она за што е формиран Фронтот. Самиот Тачи изјави дека го напушта Фронтот, но Фронтот не се распушти, кажал Хоџа во емисијата „Клик плус“, истакнувајќи дека заминувањето на Тачи е неважно.

Според него, „ВМРО-ДПМНЕ треба да знае кој е победникот кај Албанците“.

-Епа сега, ВМРО и ВЛЕН ако се паметни утре ќе побараат избори. Легитимитетот утре ќе го вратат кај Албанците. Дали се тие сигурни дека работите ги направиле така како треба? Зошто тогаш треба да се плашат од избори? Сте го згазиле легитимитетот на вториот народ по големина во земјава и единствениот начин да се корегира, единствениот начин за ова да го корегирате….еве…сте им ја дале инфраструктурата на ВЛЕН…..ние сме амнестирани од одговорноста, кажал меѓу другото Хоџа.

Мендух Тачи беше кандидат за пратеник на „Европскиот фронт“ во Изборната единица 6. Со неговото заминување, коалицијата ќе падне на 17 пратенициво Собранието.

Од „Европскиот фронт“, предводен од Демократската унија за интеграција, одбегнуваат да ја коментираат информацијата дека Тачи ја напушта коалицијата.

Слични содржини