Холанд ќе го замени Левандовски во Баерн, смета легенда на Баварците

од Vladimir Zorba

Централниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Хoланд, ќе го води нападот на Баерн Минхен за неколку години, предвидува легендата на Баварците – Лотар Матеус.

Како што е познато, силен интерес за Норвежанецот имаше од Манчестер Јунајтед, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, но тој избра да ги засили „жолто-црните“.

„Баерн игра со еден централен напаѓач, кој се вика Роберт Левандовски. И Холанд ќе биде резерва, ако се пресели во Баерн. Во исто време, на Дортмунд долго време му недостасува токму тој тип на фудбалер. Затоа Борусија е вистинското место за него во моментов“, рече Матеус.

„Сепак, за неколку години можам да го замислам Холанд да го наследи Левандовски на врвот на нападот на Баерн. Англија е исто така интересна опција за него. Неговиот татко, Ало-Инге, играше во Премиер лигата долго време. И англиските клубови се исто така многу силни“, додаде светскиот шампион за весникот „Абендцајтунг“.

Слични содржини