Холандија ќе и помогне на земјава со тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија

од Vladimir Zorba

Холандија ќе даде поддршка за Северна Македонија преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација (СЗО). Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена, пренесе сајтот на „The Netherlands and you“.

Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот,се вели во написот споделен од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Клучно во глобалната битка против пандемијата ќе биде меѓународната солидарност и координација да се шири побрзо од вирусот“, пишува Димитров

Слични содржини