Холандија: Од балкон пукал со самострел кон минувачи, најмалку две лица загинаа

од Vladimir Zorba

Најмалку две лица загинаа откако маж во Холандија почна да пука од самострел од балкон врз минувачи.

Полицијата во источната провинција Оверисел потврди дека две лица загинале, а третото е повредено во инцидент во градот Алмело.

Започната е истрага, но снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како маж без маица пука со самострел од својот балкон кон граѓани што минуваат.

Неофицијалните информации од локалните медиуми велат дека полицијата дошла на местото на инцидентот и го застрелала напаѓачот, и дека телото е пронајдено во куќата.

Претходно, полицијата на Твитер напиша дека во тек е вооружен напад и ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до местото на настаните.

Слични содржини