Холандија веќе прави планови за Гвардиола

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе добие понуда да стане национален селектор на Холандија, пренесе „Дејли мејл“.

Медиумите објавија дека холандската федерација веќе подготвила понуда за да се обиде да го убеди 51-годишниот стручњак да тргне по стапките на својот ментор Јохан Кројф и да ги води „лалињата“ кога ќе реши да ги напушти „граѓаните“.

Самиот Каталонец во неколку наврати изјави дека не планира долго да остане на кормилото на Манчестер Сити, но на крајот никогаш не одреди точен датум за заминување од „Етихад“.

Актуелниот договор на Гвардиола е до летото 2023 година, но тој неодамна напомена дека на лето ќе ја преиспита својата иднина и дали би прифатил евентуално продолжување на договорот за сезона или две.

Тренерот најави и дека би сакал да води репрезентација пред да ја заврши кариерата.

Слични содржини