Холандската кралица отвори мост над канал во Амстердам со помош на робот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Холандската кралица Максима со помош на мал робот отвори пешачки мост над канал во Амстердам, за кој беше отпечатено железо со тродимензионална технологија.

Кралицата го притисна зеленото копче на раката на роботот за да ја пресече лентата преку мостот со ножици.

Линиите на мостот долг 12 метри беа направени со употреба на тродимензионална техника на печатење, наречена додатоци за производство на жици и лакови, што комбинира роботика со заварување.

Официјалниот претставник на „MX3D“, Тим Геуртјенс рече дека мостот ги покажува можностите на технологијата.

„Доколку сакате да имате украсен или естетски убав мост, постои можност за печатење. Ова не е прашање да се направат работите поевтини и поефикасни, туку архитектите и дизајнерите да добијат нови алатки“, нагласи Геуртјенс.

Конструкцијата тешка шест тони е опремена со сензори со кои истражувачи од Империјал колеџот во Лондон ќе ги следат настаните на мостот во реално време и неговата употреба.

Мостот ќе се користи две години додека трае реновирањето на претходно инсталираниот премин преку каналот.

Слични содржини