Холандски десничар: Не и даваме на Италија ниту цент помош

од Vladimir Zorba

Не и даваме на Италија ниту еден цент помош, и на нас ни требаат пари. Со овие зборови членот на холандската десничарска Партија на слободата, Герт Вилдерс, ја поздрави посетата на италијанскиот премиер Џузепе Конте на Холандија, каде разговараше со својот колега, холандскиот премиер Марк Руте.

Холандија е најсилниот противник на намерата на Европската унија да им помогне на земјите погодени од пандемијата „Ковид 19“ и последователната економска криза од заедничките фондови на ЕУ.

Италија се очекува да добие грант од 750 милијарди евра, но тоа допрва треба да се потврди на претстојниот самит на ЕУ, закажан за следниот викенд во Брисел.

Вилдерс е сојузник на италијанската, исто така десничарска партија, „Лига“ во Европскиот парламент.

Нејзиниот лидер, Матео Славини не реагираше на пораката на холандскиот парламентарец, но, како што пишува списанието, политичарите на италијанското владеачко мнозинство остро протестираа, нарекувајќи го гестот срамен.

„Тишината на партијата Лига и нејзиниот лидер е загрижувачка и срамна. Салвини треба да избере дали да биде со своите сојузници, со италијанофобите или со Италија“, напиша Дино Џарусо, член на Движењето Пет Sвезди и член на Европскиот парламент.

Слични содржини