Холандскиот премиер: Немирите поради полицискиот час се криминално насилство

од Stefanija Kuzmanovska

Холандскиот премиер Марк Руте во понеделникот ги осуди немирите низ целата земја викендов во кои демонстрантите ги нападнаа полицајците и подметнуваа пожари поради полицискиот час воведен за ограничување на ширењето на коронавирусот, нарекувајќи ги немирите „криминално насилство“.

Полицијата соопшти дека стотици луѓе биле приведени по инцидентите што започнале во саботата вечерта и траеле до раните утриснки часови во понеделник, вклучително и некои во кои бунтовниците фрлале камења и во еден случај ножеви кон полицијата и го запалиле место за тестирање на ковид 19.

„Ова нема никаква врска со протестот, ова е криминално насилство и ние спрема него ќе се однесуваме така“, им рече Руте на новинарите пред неговата канцеларија во Хаг.

Владата на Руте воведе полициски час како дополнителна мерка за затворање од саботата од страв дека британската варијанта на ковид-19 наскоро може да предизвика зголемување на бројот на заразени.

Слични содржини