ХОЛАНЃАНИТЕ протестираат 4-ТА НОЌ ПО РЕД: Рушат сè пред нив, полицијата е на нозе (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Четврта вечер по ред во Холандија се одржуваат протести против мерките за карантин, додека излозите на некои продавници беа забарикадирани, а нивните вработени порано беа испратени дома од безбедносни причини.

Властите ги повикаа родителите да ги чуваат своите деца во домовите, предупредувајќи дека може да завршат со криминално досие и да добијат огромни казни за уништување автомобили, продавници и јавен имот.

Во повеќе од десет градови е повикана полиција за немирите, а многумина издадоа наредби за итни случаи кои им даваат поголеми овластувања на службените лица за вршење претреси.

„Имавме протести во минатото, но ретко се случуваше тие да се одржуваат неколку ноќи по ред во градовите низ целата земја“, изјавила портпаролката на националната полиција.

Таа објасни дека тие не се одржуваат само во области за кои се знае дека се проблематични, туку се многу пораспространети.

Холандската полиција синоќа уапси повеќе од 180 лица кога групи демонстранти започнаа да палат оган, фрлаат камења и ограбуваат продавници во повеќе градови. Досега се уапсени над 470 лица.

Болница во Ротердам ги предупреди роднините и пријателите на пациентите да не доаѓаат во посета, откако демонстрантите ги нападнаа болниците во повеќе градови во текот на претходните денови. Десет полицајци се повредени синоќа во Ротердам.

Во Холандија стапи полициски час во саботата, прв по Втората светска војна, и покрај фактот што бројот на новозаболени се намалува со недели, откако Националниот институт за здравство соопшти дека новиот вид откриен во Велика Британија. претставува третина од новите случаи.

Училиштата и продавниците кои не ги продаваат основните намирници беа затворени кон средината на декември, а кафулињата и рестораните два месеци пред тоа.

loading...

Слични содржини