Холивудска диета „симнува“ 5 килограми за 7 дена

од Vlatko K

Се повеќе и повеќе слушаме некој каковели: „За една недела сум на море и морам да „симнам“ 4-5
вишок килограми“.

Треба, но како, се прашуваат дамите и господата, кои веќе се со мислите на плажите ширум Европа.
Пијте „Мадал Бал“, советува RnB ѕвездата Бијонсе, која пред некое време „Дејли стар“ ја објави за
жената, која изгледа најдобро во бикини. Бијонсе е најголемиот фан на вкусниот пијалок во САД, па
дури ја крстија диетата по неа.

Според новинската агенција „Ројтерс“, примерот на пејачката го следат цел куп светски познати
личности како Наоми Кембел, Мадона, Мараја Кери, Гвинет Палтроу, Ештон Качер, кои слабеат
здраво за кратки рокови со швајцарскиот природен сируп.

Всушност, холивудските ѕвезди го нарекуваат сирупот „Лимонска програма за детоксификација“.
Лимонска, бидејќи во вода се раствораат еднакви пропорции од сирупот и свежо исцеден лимонов
сок со додаток малку лута пиперка или ѓумбир.

Детоксикација, бидејќи главната активност на швајцарскиотконцентрат е да го исчисти телото од
акумулираните токсини. Тестовите покажуваат дека 70% од луѓето кои ја спровеле целосната
програма од 7-10 дена, ослабеле помеѓу 5 и 10 кг, а останатите 30% симнале помеѓу 3 и 5
килограми.

Слични содржини