Холивудски sвезди купија англиски фудбалски клуб

од Nikola Popovski

Познатите актери Рајан Рејнолдс и Роб Меклејни станаа нови сопственици на фудбалскиот клуб Рексам.

Рејнолдс и Меклејни ги откупија акциите на клубот од Здружението на навивачи на Рексам, а според договорот, тие ќе вложат два милиони фунти во клубот.

Во соопштението на Здружението се наведува дека средствата ќе бидат веднаш ставени на располагање на клубот и дека приоритет ќе биде доведување нови фудбалери.

Рексам е велшки клуб и моментално се натпреварува во Националната лига, петто по ранг натпреварување во англиски фудбал.

„Ова е посебен ден за нас двајца. Заедно со играчите, навивачите и локалната заедница, сакаме да ја исполниме целта и да изградиме тим што ќе може да се врати во професионалниот ранг на натпреварувањето. Ние сакаме да го зголемиме бројот на посетители и да го подобриме стадионот “, порачаа Рејнолдс и Меклејни.

Рајан Рејнолдс се прослави со улогите во филмот „Дедпул“, а Меклејни е најпознат по улогата во ситкомот „Во Филаделфија е секогаш сончево“.

Слични содржини