Холивудскиот актер откри како одржува баланс во родителството и бракот

За популарниот актер родителството е спој на дисциплина и попуштање. Метју Меконахи и сопругата Камила Алвес се родители на ќерката Вида и двата сина, Леви и Ливингстон.

Откако стана татко во далечната 2008, Метју отворено прозборе за одгледувањето деца, рамнотежата меѓу работата и родителството.

„Од својата осма година знаев дека сакам да станам татко. Секогаш тоа го доживував како најголемата работа која човек може да ја постигне. Тоа е најголема привилегија и одговорност“, изјавил актерот.

Исто така, тој е голем љубител на дисциплината па изјавил дека се радува што своите деца ќе ги самиот ќе ги подготви за животот.

„Најдобрата работа која може да ја направите за своите деца е да им покажете колку ја сакате нивната мајка“, рекол актерот.

Се чини дека Метју ја открил тајната за совршен сопруг.

„Не се обидувавме да се смениме еден со друг. Во врска влеговме затоа што бевме заљубени во личностите какви што сме, не затоа што сакаме да се смениме. Сопругата ме поттикнува да бидам свој и се надевам дека и јас го правам истото за неа“, објаснил Метју.

Време за игра

Познатиот пар практикува да игра со децата на свеж воздух. Освен што неговиот син Леви свири пијано, а ќерката ужива во цртање и изведување, целото семејство обожува да е во природа.

„Секој може да им даде на децата играчка за да си игра, но понекогаш песокот и калта се најдобар подарок за нив“, додал Метју.

Деновите ги поминуваат надвор, а петоците им се резервирани за семејно дружење.
„Тоа е ноќ за пица, филм и време кога им дозволуваме да спијат со нас. Понегоаш мораме да лажеме колку е часот инаку цела вечер би гледале филмови“, рекол актерот.

Меконахи раскажал дека најдрагите спомени му се моментите коа се дома, слушаат музика, играат, а се пофали и дека често готви за неговото семејство.

„Мојата сопруга и јас имаме слични родителски став и стил. Кога имате деца секој ден учите нешто ново. Можете да ги насочувате и да им давате совети, но тие се она што се. Среќен сум дека имаме три здрави деца“, заклучил Меконахи.

Слични содржини