Холивудскиот могул осуден на 23 години затвор

Омаловажениот филмски продуцент Харви Вајнштајн, денеска беше осуден на 23 години затвор.

Вајнштајн беше прогласен за виновен за силување и криминален сексуален акт, минатиот месец и обвинет за предаторство.

Претходно, денеска, неговите адвокати бараа намалување на казната на само пет години, поради неговото здравје и возраст.

Казната доаѓа пет години откако судот во Менхетен за прв пат започна судење против него откако италијански модел го обвини за напад за време на бизнис состанок.

Вајнштајн се уште има четири прекршочни пријави за силување и сексуални актови во Лос Анџелес. Доколку биде осуден за сите, би можел да добие дополнителни 28 години.

Слични содржини