Холивудскиот продуцент, осуден за силување e пренесен во Калифорнија: Го чека ново судење

од Nikola Popovski

Вајнштајн беше осуден на 23 години затвор во Њујорк во февруари 2020 година за сексуално злоставување и силување, а по него се трага во Лос Анџелес под обвинение за напад на пет жени во периодот од 2004 до 2013 година, пренесува Ројтерс.

Обвиненијата во Лос Анџелес вклучуваат силување, присилен орален секс и други сексуални дела извршени насилно, а доколку биде осуден, Вајнптајн може да го помине остатокот од својот живот зад решетки.

Некогашниот влијателен холивудски продуцент, се жалеше на пресудата и изречената казна во Њујорк и негираше дека имал сексуални односи без согласност на неговата партнерка.

Во октомври 2017 година, новинарките Меган Туи и Џоди Кантор ја објавија приказната за Харви Вајнштајн, тогашен директор на моќната продукциска куќа „Мирамакс“, и неговите сексуални напади насочени кон актерки и други соработници.

За тие текстови ја добија Пулицеровата награда, а Харви Вајнптајн беше осуден на 23 години затвор.

Фото: Spencer Platt/​Getty Images

Слични содржини