Хонг Конг: За шест месеци протести уапсени 6.022 лица

од Aleksandar Petrovski

Полицијата во Хонг Конг соопшти денеска дека уапсила 6.022 лица и употребила солзавец речиси 16.000 пати за време на шестмесечните антивладини протести што го потресоа градот.

Меѓу уапсените се 11 лица приведени во текот на викендот во рации кога беше запленет пиштол и друго оружје.

Полицијата се сомнева дека било планирано тоа оружје да се користи за време на масовните демонстрации денеска. Полицијата денеска уапси 12 лица осомничени за подготовка на „молотови коктели“.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека исто така испукала 10.000 гумени куршуми во изминатите шест месеци и дека се повредени 493 полицајци.

Слични содржини